Top Sport

Јуве без Роналдо против Бреша

Јувентус нема да можат да сметаат на Кристијано Роналдо за мечот од Серија А утре против Бреша, откако тренерот Маурицио Сари потврди дека тој има истегнат бутен мускул.

ЦР7 нема да патува во Бреша за да не се ризикува посериозна повреда, но вечерва ќе биде во „Теотро ала скала“ во Милано за доделувањето на наградите за најдобри фудбалери од страна на ФИФА.

Во тимот на Јуве ќе биде Гонзало Игуаин и покрај повредата на носот, додека Џорџо Кјелини, Матија Де Шиљо и Даглас Коста остануваат во аут подолго време, исто како Марио Манџукиќ, кој продолжува да биде изоставен од тимот на Сари по шпекулациите дека ќе направи трансфер во Катар.

Scroll to Top