Top Sport

Морбидни коментари за Михајловиќ

Тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ, неколку месеци се бори со тешката болест, дијагностицирана му е леукемија, а својот тим го води од болничката постела. Од моментот кога објави дека мора да оди на хемотерапија тој доби поддршка од сите во фудбалскиот свет, или бар од сите.

Тренерот на Болоња деновиве бил навредуван на социјалните мрежи.

„Доаѓа Михаловиќ на натпреварот со Рома или повторно ќе оди на зрачење?“, „Зошто Болоња и СПАЛ играа во петокот, можеби се плашеа Синиша да не умре до недела или можеби за викенд мораше да оди на хемотерапија“.

„Михајловиќ е во групата на тренери што нема да го дочекаат крајот на сезоната“.

Групата на „Фејсбук“ била избришана откако целиот случај го пријавиле навивачите на Болоња. Италијанската полиција е во потрага по одговорните за овој скандал.

Scroll to Top