Возачот на Ферари, Фарнцузинот Шарл Леклер вели дека е почестен што го споредуваат со легендата на Ф1, Михаел Шумахер. Тој додава дека се уште е рано за такви споредби.
Леклер од оваа година вози за Ферари, но во трките во Белгија и во Италија ги оствари првите две победи во Ф1-циркузот.
Предвидувањата се дека тој ќе освојува многу титули, исто како своевремено и Шумахер.
„Секогаш е убаво да се слушнат такви работи, но јас имам само 21 година и ништо не сум докажал во споредба со она што Михаел го има докажано. Засега е рано да се зборува за такво нешто. Работам на мојата кариера и се обидувам тоа да биде што подобро. Чест ми е што ме споредуваат со Михаил, но ми се чини дека тие споредби се далечни“ – изјави Леклер.
Францускиот возач е трет во генералниот пласман со 200, колку има и четвртопласираниот возач на Ред Бул, Макс Ферстапен.
Прв е актуелниот шампион, Луис Хамилтон од Мерцедес со 296 бода, а на втората позиција моментно е неговиот клупски колега, Валтери Ботас со 231 бод.
Шампионатот во Ф1 продолжува овој викенд со трката за Големата награда на Русија, во Сочи.