Top Sport

Икарди од „одвратно гомно“ до најпосакуваниот европски напаѓач

Само пред 15-тина месеци, „нераѕурите“ ветија дека Аргентинецот Мауро Икарди е „завршен“ во Интер нарекувајќи го „одвратно гомно“, но сега тој е миленик на публиката и еден од најпосакуваните напаѓачи на светот.

Во анализата на новинарот Марк Дојл за „Гол“, тој испитува како Икарди ја „сврте“ ситуацијата на „Сан Сиро“ и сега е прва мета на Реал Мадрид.

Пред неколку недели, тренерот на Интер, Лучано Спалети забележа: „Кој не го сака Мауро Икарди?“. Покрај Реал, во борба за неговиот потпис се и Манчестер јунајтед, Челси и Арсенал, а опасноста за заминување од Милано е откупната клаузула од 110 милиони евра, што е „малку“ за денешните фудбалски гиганти. 

И покрај импресивната игра, Аргентина не го сакаше играчот кој предизвика контроверзи со женењето со поранешната сопруга на неговиот сонародник и поранешен пријател Макси Лопез.

На 16 октомври 2016, навивачите на Интер решија дека им е доста од капитенот. Кога тој утна пенал во мечот со Каљари, тие славеа зад банерот на кој пишуваше: „Ти не си човек. Ти не си капитен. Ти си само одвратно гомно“.

Одговорот на прашањето „зошто“ е во неговата книга „Семпре аванти“ (секогаш напред), во која зборуваше лошо за ултрасите на тимот по поразот од Сасуоло во февруари 2015 година.

„Го соблеков дресот и шорцевите и ги дадов на едно дете. За срам, еден од ултра-навивачите пролета до него и го зеде дресот од неговите раце и го фрли кон мене. Тогаш почнав да го навредувам: ’Мислите дека сте силни? Треба да вие срам’. Во соблекувалната бев прогласен за херој бидејќи никој не се спротистави така кон лидерите на навивачите“, напиша Икарди.

Навивачите демантираа дека такво нешто се случило и му „замерија“ на капитенот. По стишувањето на ситуацијата, тој остана на „Сан Сиро“ и остана капитен, иако со помалку фанови меѓу навивачите, но и меѓу соиграчите.

Кога Фелипе Мело замина во Палмеираш во јануари оваа година, тој немаше високо мислење за соиграчот.

„Тој е млад и треба да расне, но сега е силен. Ако не даде гол, Интер не победува. Но, капитенската лента е нешто друго, и тоа е премногу за него. Капитенот треба да ги почитува противниците. Имаше премногу работи кои се случија, и сега мислам дека не ја заслужува капитенската позиција“, изјави Мело.

Но, Спалети не мислеше така. Тој беше импресиониран од посветеноста на Аргентинецот, кој верува дека во новиот тренер има човек кој може да ја врати старата слава на „нераѕурите“.

„Икарди во пеналтикот е невозможно да го сопреш. Тој е убиствен. Би сакал да игра повеќе тимски, но тоа не го прави помалку опасен“, изјави Спалети неодамна.

Сезоната е фантастична за Икарди – тој има 16 гола во 15 натпревари, најдобар во петте големи европски лиги. Дури и Хорхе Сампаоли го забележа тоа и го врати во аргентинската репрезентација.

„Потребен ни е напаѓач, кој покрај головите има карактеристики на плејмејкер“, изјави Сампаоли.

Токму затоа, Спалети е во право: „Нема кој не го сака Мауро Икарди“.

Икарди: Во Интер ќе ја завршам кариерата

Scroll to Top