Top Sport

Капитенот на Никарагва: Јас не гласав за Меси

Капитенот на фудбалската репрезентација на Никарагва, Хуан Барера, изјавил дека не гласал за Лионел Меси во изборот на ФИФА за најдобар играч во светот.

Во соопштението на Светската фудбалска организација објавено по свечената церемонија во Милано е наведено дека Бареа го ставил Меси на првото место.

33 годишниот фудбалер тврди дека дури и не гласал бидејќи не го добил неопходниот материјал од ФИФА.

Според она што го објави ФИФА, Бареа гласал за Меси, Садио Мане и Кристијано Роналдо.

„Не гласав за Меси во категоријата за најдобар фудбалер. Бев изненаден кога ја видов листата на капитените што гласале за Меси. ФИФА тврдат дека материјалот за гласање ми го испратиле по електронска пошта, но јас такво нешто не сум добил, што значи дека не можев да гласам“, реко, фудбалерот на Муниципал од Гватемала за АЦБ Футбал.

Бареа не е првиот што тврди дека не гласал онака како што објавија од ФИФА. Во средата се побунија од Фудбалскиот сојуз на Египет и тоа по објавата на „Твитер“ на Мохамед Салах, како и селекторот на Судан, Хрватот Здравко Логарушиќ.

Како гласале капитените и селекторите можете да погледнете ОВДЕ.

Scroll to Top