Легендарниот германски кошаркар Дирк Новицки добил своја улица во американскиот град Далас. Диркенштајн целата своја кариера ја мина во дресот на Далас. Тој го предводеше овој тим до титулата во 2011 година. Новицки во Далас играше 20 години.
Градскиот совет едногласно ја изгласал одлуката една улица во градот да го носи неговото име. Улицата се наоѓа блиску до арената во која Маверикс ги играат своите натпревари.
Новицки кариерата ка заврши со просечни 20 поени и седум скока по натпревар. Бил МВП на финалето во 2011 година, 14 пати настапил настапил на „Ол-Стар“ натпреварите, а во 2007 година бил најкорисен играч во лигата.