Top Sport

Само оригиналниот Роналдо бил побрз од Родриго (Видео)

Младиот Бразилец Родриго на најдобар начин ја оправда довербата која синоќа против Осасуна му ја укажа тренерот на Реал Зинедин Зидан.

Родриго во летниот преоден рок за сума од 45 милиони евра пристигна во Реал од Сантос играше во подготвителниот период, а дури во шестото коло доби можност да дебитира на официјален натпревар.

18 годишниот имаше деби од сништата. На теренот влезе во 71 минута, на местото на сонародникот Винисиус, а 93 секундо подоцна тој го постигна вториот гол за Реал.

Помалу време за да го постигне деби-голот за Реал му било потребно само на оригиналниот Роналдо. Славниот Бразилец во 2002 година постигнал гол за само 62 секунди.

Scroll to Top