Поранешниот центар на Црвена ѕвезда, Маик Цирбес, се враќа во АБА-лигата. Германецот ќе стане член на новоформираниот тим Цедевита Олимпија.
Цирбес пред пет години го заврши својот втор мандат во екипата на Црвена ѕвезда. Откако ја освои титулата во АБА-лигата со црвено-белите тој се пресели во Кина.
По само пет месеци тој се враќа во Европа, во Цедевита Олимпија ќе игра заедно со поранешните соиграчи Јака Блажиќ и Марко Симоновиќ.
Цирбес со Црвена ѕвезда, во два мандати, три пати ја освоил АБА-лигата. Во кариерата настапувал во Трир, Бамберг, Макаби од Тел Авив и Баерн Минхен.