Американецот Дејв Мајли, кандидатот за местото претседател на Светската тениска федерација (ИТФ) истакнува дека тенисот би можел да се најде во големи проблеми кога Рафаел Надал и Роџер Федерер ќе се пензионираат.
Јасно е дека 38-годишниот Швајцарец и 33-годишниот Шпанец нема уште долго да бидат во професионалниот тенис, а нивното заминување по долгиот период на доминација може да предизвика негативни ефекти, смета Мајли.
„Мислам дека тенисот како спорт се уште не е подготвен за такво нешто. Кој тогаш ќе го промовира тенисот? Кој ќе ги заземе нивните места? Доколку бидам избран за местото претседател на ИТФ, ќе ангажирам луѓе кои ќе смислуваат идеи за промоција на нашиот спорт“ – вели Мајли.
Федерер и Надал се двајцата најуспешни тенисери кога се во прашање Гренд слем титулите. Федерер има 20, а Надал 19.