Поранешниот македонски репрезентативец, играч на Славен Белупо, Музафер Ејупи, изминатите два дена е тема во медиумите во регионот.
Тој и неговиот шура биле нападнати во Копривница од 53 годишен маж. Полицијата соопшти дека инцидентот го предизвикал 53 годишникот кој ги нападнал Ејупи и неговиот шура со метална шипка.
Најпрвин Ејупи добил по главата, а потоа човекот му задал удари по главата и телото и на неговиот шура.
Клубот на Ејупи, Славен Белупо, денес на „Фејсбук“ објави фотографии на кој се забележува дека фудбалерот се здобил со тешки телесни повреди.
„Нашиот играч Музафер Музо Ејупи се наоѓа на домашна нега и во својот дом во Копривница закрепнува од тешкиот физички напад и претрпените „лесни телесни повреди“.
За какви „лесни“ повреди станува збор можеме да видиме од фотографиите“, се вели во дел од клупското соопштение.