Top Sport

Атлетико ќе ја плателе казната за Гризман

Барселона ќе се жалат на одлуката дека треба да платат 300 евра, бидејќи трансферот на Гризман го договориле многу пред 1.јули кога неговата откупна клаузула паѓаше од 200 на 120 милиони евра.

Атлетико излегоа со докази дека во март Гризман и неговите застапници добиле 14 милиони евра само за потпис на договорот.

По жалбата на Атлетико Барселона се казнети со 300 евра кои сега не сакале да ги платат, бидејќи како што рекле од клубот „не сме прекршиле никакво правило“.

На ова им одговори првиот човек на Атлетико Енрике Серезо.

„Јас ќе ја платам казната. Ова не е нормално постојат правила кои треба да се почитуваат“, рекол Серезо.

Потоа проговорил и за Гризман и уште еднаш му посакал се најдобро во новиот клуб.

„Сакам во клубот и кај навивачите да има третман каков што имаше кај нас. Нека ужива во Примера. Тоа се професионалци, секој може да се однесува онака како што сака. Немојте да се сомневате дека кога ќе се видиме јас ќе те поздравам“.

Scroll to Top