Ентони Марсијал и Маркус Рашфорд ќе го пропуштат дуелот кој Манчестер Јунајтед ќе го одигра против Арсенал, додека под знак прашалник е настапот на Пол Погба.
Францускиот репрезентативец пропушти неколку натпревари повреди повреда, се врати во тимот во средата против Рочдејл и го повредил стапалото.
„Тој одигра 90 минути што е фантастично, но доби удар во стапалото. Има оток, па веројатно е најдобро да биде во тимот. Се надеваме дека може да биде во ред до понеделник. Сега неговиот настап е под знак прашалник“, рекол тренерот Оле Гунар Солскјер.
Инаку, Марсијал е надвор од тимот речиси од почетокот на сезоната и сигурно ќе ги пропушти и наредните три натпревари, слична е ситуацијата и со Рашфорд за кого во клубот веруваат дека ќе се врати во тимот по репрезентативната пауза.
Манчестер Јунајтед и Арсенал ќе играат в понеделник од 21 часот.