Top Sport

Сисоко плус две години во Тотенхем

Францускиот репрезентативец Муса Сисоко го продолжил договорот со Тотенхем до јуни 2023 година.

Сисоко во 2016 година за сума од 35 милиони евра од Њукасл се пресели во северен Лондон. Минатата сезона беше еден од клучните играчи на патот кон финалето во Лигата на шампионите.

Сисоко имал договор до крајот на сезоната 2020/2021, а со новиот ќе остане две години подолго во Тотенхем.

Во кариерата одиграл 132 натпревари за Тотенхем и забележал два гола и 14 асистенции.

Scroll to Top