Додека неодамна главна тема беше „предизвикот со капачето на шишето“, сега Златан Ибрахимовиќ предизвика неколку големи спортски имиња да одговорат на неговиот предизвик, кој го нарече „Матрикс предизвик“. УФЦ ѕвездата Хабиб Нурмагомедов одби да учествува.
Предизвикот е наречен „Матрикс“ поради славната сцена од уште пославниот филм „Матрикс“ во кој Кијану Ривс избегнува куршуми со акробатско виткање на грбот, а во овој случај Ибра ги предизвика да ја балансираат топката на градите што е можно пониско и успорено мафтање со рацете.
Швеѓанецот, кој сега ги забавува фудбалските фанови во САД како фудбалер на Лос Анџелес галакси ги предизвика УФЦ шампионот Нурмагомедов, неговиот поранешен соиграч Пол Погба, тениската ѕвезда Новак Ѓоковиќ и неговиот агент, Мино Рајола.
Хабиб веќе одговори на предизвикот со својот коментар: „Ова е број 1 срање“, додавајќи смајли. Другите предизвикани засега не одговорија.