Top Sport

Сопругата на Морозјук го направи „предизвикот на Златан“ (видео)

Ирина Морозјук, сопругата на украинскиот фудбалер Микола Морозјук, која стана позната по нејзиниот необичен „стриптиз“ со топка, успеа да го исполни „Матрикс предизвикот“ на Златан Ибрахимовиќ – жонглирање со топката на градите слично како на славната сцена од филмскиот серијал „Матрикс“.

Златан го направи потегот и потоа ги предизвика Хабиб Нурмагомедов, Пол Погба, Новак Ѓоковиќ и Мино Рајола да го исполнат, но прва во акција стапи Морозјук покажувајќи импресивна контрола на топката.

„Многумина од вас не знаат, но омилен фудбалер (по мојот сопруг) ми е Златан Ибрахимовиќ. Морав да бидам дел од ова“, напиша Морозјук на Инстаграм.

Сопругата на Морозјук има подобра контрола на топката од него (видео)

Хабиб не одговори на „Матрикс предизвикот“ од Ибрахимовиќ (видео)

Scroll to Top