Рут Чепнгетич од Кенија го освои првиот златен медал на Светското првенство во Доха откако успеа да победи во една од најтешките маратонски трки во историјата на атлетиката.
Маратонот се трчаше во вечерните часови по неверојатни временски услови, на 33 степени Целсиусови и влажност на воздухот од 73 отсто.
Чепнгетич прва мина низ целта со време од 2:32.43 часа. Ова е без конкуренција најлошиот победнички резултат постигнат на светските првенства. Сепак успехот на Кенијката е огромен бидејќи поради временските услови трката не ја завршија 28 атлетичарки.
Второто место и припадна на Рос Челино која задоцни за 63 секунди, а на третото место се пласираше Хеталија Јоханес од Намибија.
Фантастична трка по тешките временски услови истрча 39 годишната Една Киплагат, која го освои четвртото место (2:35.36 часа) со што избори олимписка виза за Токио. Наредната година кога ќе има 40 години таа ќе нападне еден од медалите на ОИ.