Шарл Леклер уште еднаш ја демонстрираша добрата форма во однос на конкурентите и ја освои пол-позицијата во пресрет на трката за Големата награда на Русија.
Возачот од Монте Карло четврти пат по ред ќе стартува од првата позиција. Тој е првиот возач на Ферари по Михаел Шумахер кој успеал да освои четири пол-позиции по ред.
Леклер доминираше на тренинзите и во квалификациите. Неговиот најбрз круг изнесуваше 1:31.628 минути. Утрешната трка од првиот ред ќе ја започне лидерот во вкупниот пласман Луис Хамилтон.
Британецот успеа во последниот круг да ги раздвои возачите на Ферари. Трет ќе стартува Себастијан Фетел, а вториот ред го комплетира Макс Верстапен на Ред Бул.
Место меѓу првите десет изборија уште Ботас, Саинц, Хулкенберг, Норис, Грожан и Рикардо.
Трката за Големата награда на Русија, во Сочи, в недела ќе започне во 13.10 асот.