Легендарниот голман Џиџи Буфон, попладнево против СПАЛ, го одигра 903 натпревар во кариерата и го собори рекордот на Паоло Малдини.
Буфон кариерата ја започнал во Парма во сезоната 1995/1996, а во Јувентус се пресели во 2001 година. По 17 години минатото лето се пресели во ПСЖ, но по само една сезона реши да се врати во Торино.
Воедно 41 годишниот голман го забележа 658 натпревар за Јувентус.