Top Sport

„Ѕвездени војни“ ја презедоа австралиската А-лига (фото+видео)

Австралиската А-лига поради договорот со „Дизни“, 10. коло од натпреварувањето го нарече „Star Wars коло“, што донесе некои навистина бизарни сцени на фудбалските терени.

Како дел од промоцијата на осмиот филм од франшизата „Ѕвездени војни“, А-лигата беше искористена за промоција на „Последниот џедај“, кој ќе излезе на крајот на овој месец.

Дербито меѓу Вестерн Сиднеј вандерерс и Сиднеј ФЦ започна со појавување на Кајло Рен, кој очигледно им се „закануваше“ на судиите на мечот, за што ќе мора да следува санкција. Слична ситуација имаше и на дуелот меѓу Перт глори и Њукасл џетс, каде што се појави Дарт Вејдер со цела придружба.

Покрај ова, сите топки кои се користеа ова коло беа дизајнирани да наликуваат на ББ-8, дроидот во форма на топка од „Силата се буди“, седмиот дел од „Ѕвездени војни“.

Scroll to Top