Top Sport

Меси сака да се врати за мечот со Интер

Проблемот со повредата на бутниот мускул на Лионел Меси не е толку сериозен и тој планира да се врати за мечот со Интер во Лигата на шампионите, тврдат шпанските медиуми.

Каталонскиот „Спорт“ објавува дека во Барселона се оптимистички расположени околу физичката форма на нивната прва ѕвезда по лошиот старт на сезоната. Меси не играше овој викенд против Хетафе и останува да се види дали ќе биде во 22-члениот тим за дуелот во среда навечер на „Ноу камп“.

Меси ги пропушти летните подготовки поради повреда, но се врати во првиот меч од Лигата на шампионите од клупа против Борусија Дортмунд. Но, во првиот старт во Ла лига против Вилјареал, тој не го комплетираше мечот поради повредата на бутниот мускул.

Покрај Меси, меѓу повредените фудбалери на „Блауграна“ се и Усман Дембеле и талентираниот тинејџер Ансу Фати, така што најверојатно ќе се стартува со триото Антоан Гризман-Луис Суарез-Карлес Перез во нападот.

Scroll to Top