Тимот од италијанската Серија Д, Гросето го отпушти својот тренер на младинскиот тим, Томасо Касалини, откако тој на Фејсбук напиша навредлива порака за 16-годишната активистка Грета Тунберг.
Тунберг стана глобален хит со своите критики за климатските промени, а Касалини напишал навистина навредлив коментар на социјалните мрежи.
„Оваа крува! Таа има 16 години и може да го добие, има вистинска возраст“, напишал Касалини.
По ова клубот решил да го отпушти тренерот поради „непочитување на вредностите на клубот, кој е фокусиран на морални вредности отколку на технички вредности“.
Касалини подоцна се извини за изјавата.
„Би сакал јавно да се извинам на сите, пред сè на Грета Тунберг за постот кој го напишав на Фејсбук минатата недела. Тоа беше напишано во момент на лутина кон младата шведска активистка со апсолутно погрешен јазик и соддржина. Кога ќе направиш грешка, треба да ја понесеш одговорноста и ја прифаќам одлуката на Гросето да ме тргнат од позицијата“, напиша Касалини.