Тото Волф тврди дека новите договори за снабдување со мотори на Мекларен и Вилијамс не се поврзани со иднината на Мерцедес во Формула 1 како фабрички тим и покрај шпекулациите дека „сребрената стрела“ сака да го направи Мекларен „фабрички“ тим, а компанијата да се фокусира на Формула Е серијата со електрични болиди.
Мерцедес и Мекларен во саботата потврдија дека од 2021 година ќе го обноват партнерството најмалку до 2024 година, откако претходно германската компанија го продолжи договорот со Вилијамс до 2025 година.
„Тие работи не се поврзани. Мораме прво да видиме како ќе се развива Формула 1 и сега е клучно време да се одредат новите правила. Снабдувањето на другите тимови е посебна одлука“, вели Волф.
Ф1 се подготвува за огромни промени во 2021 година со цел спортот да се направи поконкурентен со воведување на лимит на трошење на тимовите, но засега уште нема договор. Мерцедес, кои доминираат во последните пет сезони во Ф1 во ноември ќе дебитираат во Формула Е.