Top Sport

Тарибо Вест: Мафијата ме избрка од Милан!

Поранешниот нигериски дефанзивец, Тарибо Вест тврди дека италијанската мафија го спречила неговиот успех како фудбалер на Милан, каде што тој остана помалку од една година.

45-годишниот Вест дојде во Милан од Интер во декември 1999 година, но имаше само четири настапи за „росонерите“ пред да биде пратен на позајмица во Дерби каунти во Премиер лигата во ноември 2000.

Во изјава за нигериските медиуми, тој тврди дека италијанските мафијаши не можеле да прифатат африкански фудбалер да го земе местото на дефанзивци како Паоло Малдини и Алесандро Костакурта, легенди на „росонерите“.

„Мафијата направи сè што е можно да осигура дека јас нема да заиграм за Милан. Тие изготвија злобни приказни дека бев повреден само да ме испратат од Милан. Лекарите беа подмитени да кажат дека сум повреден, а тоа беше лага. За нив беше незамисливо Африканец да им земе место на тие стари дефанзивци. Ливерпул дојдоа со понуда, но се задоволив со Дерби каунти“, вели Вест во интервју за „Скор Нигерија“.

Scroll to Top