Top Sport

Први искри меѓу Малдини и Бобан, имаат различни идеи!

Голема криза го тресе екс-шампионот на Европа, италијански Милан. Се доведоа нови играчи, нов тренер, но ништо не е како што треба. Милан потона по првите 6 кола, освои само 6 бода.

Очигледно е дека засега не постои квалитетна и јасна спортска политика и менаџмент што на крајот се манифестира на теренот. Милан нема игра, нема јасна тактика, Џампаоло очиглдно не може да ја направи кохезијата меѓу играчите.

Потребни се прагматични решенија, а на едно такво е подготвен Звонимир Бобан, но со него не се согласува неговиот соработник, Паоло Малдини.

Хрватот смета дека треба што побрзо клубот да го отстрани тренерот Џампаоло, но Италијанецот смета дека треба да му се даде уште време.

Италијанските медиуми пишуваат дека нивните разлики во овој момент игледаат безизлезни.

Информациите од Италија се дека Малдини има поддршка од Управата на клубот, со што паѓа во вода идејата на Бобан кој, наводно, најмногу притиска Андриј Шевченко да биде замената на тренерското столче н „росонерите“.

Scroll to Top