Top Sport

Вархолм и Накаи го одбележаа четвртиот ден на СП во атлетика во Доха

Норвешкиот тркач Карстен Вархолм ја одбрани титулата на 400 метри со пречки на натпреварите од четвртиот ден на СП во атлетика во Доха. Среброто во оваа дисциплина му припадна на Американецот Рај Бенџамин, а бронзата отиде на градите на Абдерахман Самба од Катар.

Во женската трка на 800 метри Халима Накаи од Уганда со национален рекорд на својата земја го освои златото на трката на која во минатото неприкосновена беше Кастер Семенја. Втора на денешната трка заврши Американката Рејвен Роџерс, а на третото место се пласираше Аје Вилсон исто така од САД.

Во трката на 5000 метри доминација на Етиопјаните. Златото е за Муктар Едрис пред сонародникот Селмон Барега, а за бронзен медал се избори Канаѓанецот Мохамед Ахмед.

Кенијката Беатрис Чепкоеч ја освои титулата на 3000 метри стиплчез. Во трката среброто и припадна на Американката Ема Кобурн, а со бронза се задоволи Германката Геса Краузе.

Русинката Марија Ласицкане ја освои светска титула во скок во височина со прескокнати 2.04 метри.

Scroll to Top