Ромелу Лукаку нема да биде дел од составот на Интер за мега-пресметката од Лигата на шампионите против Барселона, бидејќи Антонио Конте ќе му даде време да се опорави од повредта на мсукулот.
Белгискиот напаѓач имаше одличен старт на престојот кај „нераѕурите“ по трансферот од Манчестер јунајтед, со три гола во првите шест меча во Серија А за шест победи во низа. Но, повредата на квадрицепсот го примора да стартува на клупата при 3:1 победата над Сампдорија во саботата и сега тој воопшто нема да игра на „Ноу Камп“.
„Лукаку не е тука, тој има мал проблем со мускулот кој го влече 10 дена. Тестовите беа негативни, но во секој случај не сакавме да ризикуваме“, изјави Конте.
Интер ќе се обиде да извлече позитивен резултат против Барса, откако во првиот меч едвај спаси реми со Славија Прага.