Top Sport

Се подготвува трансфер на Канте?

Маурицио Сари побарал од челниците на Јувентус во јануарскиот преоден рок да му го донесат во тимот Нголо Канте. Францускиот репрезентативец е еден од најдобрите играчи за врска во светот и член на сензационалната шампионска делегација на Лестер. Во Челси е од јули 2016 година.

„Дејли Мејл“ тврди дека Јувентус биле заинтересирани за Канте и дека во јануари ќе се обидат да го донесат со понудата од 70 милиони фунти.

Сари минатата сезона работеше со Канте и тогаш дури и му ја смени позицијата, односно Французинот делуваше поблиску до голот на противникот.

Тренерот на Јувентус сметал дека Канте одлично би се вклопил во редот за врска заедно со Миралем Пјаниќ и Арон Рамзи.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');