Top Sport

Вертонген спиел со сопругата на Ериксен, па добил ќотек од Кејн

Лошите односи во соблекувалната се причината за неубедливите игри на Тотенхем оваа сезона кои кулминираа синоќа со катастрофалниот пораз од Баерн (2-7) во Лигата на шампионите.

Англиските медуми тврдат дека за лошата атмосфера секс афера ја тресе соблекувалната на Тотенхем. Виновникот бил Јан Вертонген кој спиел со сопругата на Кристијан Ериксен. Медииумите шпекулираат дека капитенот Хари Кејн го удрил Вертонген.

Можеби во пишувањата на англиските медиуми има некоја вистина бидејќи Киран Трипие кога го реализирал трансферот во Атлетико Мадрид изјавил дека „во екипата се одвива вистинска драма, но не би сакал да говорам на таа тема“.

Расколот во тимот најверојатно ќе заврши со бркањето на некои играчи, а се шпекулира дури и со отказот на Маурицио Покетино. Аргентинецот се поврзува со клупата на Реал Мадрид, во случај Зинедин Зидан да биде отпуштен.

Кога станува збор за Вертонген и Ериксен, нивните договори со клубот важат до крајот на сезоната, поради што не се исклучува можноста тие уште во јануарскиот преоден рок да го напуштат клуб.

Scroll to Top