Top Sport

ФА нема да имаат милост кон Бернардо Силва

Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) објави дека била отворена истрага за расистички испад против фудбалерот на Манчестер сити Бернердо Силва.

Португалецот е обвинет за расистичко однесување, бидејќи својот соиграч Бенжаман Менди го споредил со „Чонгитос“, ликот што се наоѓа на опаковката на познати шпански чоколада.

ФА ваквиот потег го сметале за непримерен и навредлив, поради што Силва се соочува со подолга суспензија.

Во случајот да биде докажана дискриминацијата на социјалните мрежи, Бернардо Силва, би можел да добие суспензија од дури шест натпревари.

Силва има рок до 9 октомври да го објасни својот потег. Тој веќе испратил писмо во кое се покајал за она што го напишал и напоменал дека немал намера да го навреди својот добар пријател, Менди.

Пред неколку дена менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, застана во одбрана на својот фудбалер, со зборовите дека ФА ќе направеле грешка доколку го казнат Силва.

Scroll to Top