Домаќините Ал Џазира со 1:0 ги совладаа азиските шампиони Урава ред дајмондс со 1:0 во Абу Даби за да се пласираат во полуфиналето на Светското клупско првенство и да обезбедат меч со Реал Мадрид.
Јапонскиот тим имаше 65 отсто од поседот на топката, но Али Мабхут со голот во 52. минута обезбеди полуфинале во првиот азиски дуел на клупското СП од 2010 година.
Претходно, мексиканскиот тим Пачука го победи африканскиот шампион Видад Казабланка во продолжението за дуел со бразилскиот Гремио. Виктор Гузман постигна гол по 112 минути игра против Мароканците, кои останаа со играч помалку по исклучувањето на Брахим Накач во 69. минута од мечот.