Ерлинг Холанд е четвртиот фудбалер кој на првите два меча во кариерата, во Лигата на шампионите, постигнал четири гола. Младиот Норвежанец вниманието го привлече со хет-трикот што го постигна во првото коло против Генк, во победата на Салцбург 6:2.
Холанд постигна гол и синоќа на „Енфилд“ против Ливерпул. Салцбург губеа со 3:0, но стигнаа до израмнување, третиот гол го постигна Холанд, а на крајот Салах им ја обезбеди победата на Ливерпул.
Според статистиката на УЕФА, Холанд, влезе во друштво на Марко Ван Бастен, Диего Симеоне и Дидие Дрогба, кои исто така постигнале четири гола на првите два натпревари во ЛШ.