Веселин Вујовиќ во интервју за „Дело“ ги коментирал успесите на Словенија во тимските спортови истакнувајќи интересен детал, дека до медали на во екипните спортови на големите натпреварувања Словенците секогаш биле предводени од странски тренери.
Словенија го освои златниот медал на ЕП во кошарка со Србинот Игор Кокошков, двете сребра од ЕП во одбојка им ги донесоа Италијаните Андреа Џани и Алберто Џулијани, додека бронза на ЕП во ракомет освоија со Вујовиќ.
Домашен тренер, Тоне Тисељ, на Словенија им донел сребро во 2004 година на ЕП во ракомет.
„Ги гледав натпреварите на ЕП во одбојка, Словенија ме воодушеви. Такво заедништвото сакам и во ракометната репрезентација. Со таков дух на заедништво сите цели се достижни. Се надевам дека колегите нема да ми забележат, но факт е дека кошаркарите, одбојкарите и ракометарите освојувале медали со селектори од странство. Веројатно тие не се оптоварени со внатрешни проблеми. Тренерската фела во Словенија треба да се подзамисли на оваа тема“, заклучил Вујовиќ кој од пред две недели стана и тренер на ППД Загреб.