Top Sport

Квартараро најбрз на вториот тренинг, возеше и Маркез

Возачот на Петронас Јамаха, Фабио Квартараро, забележа најдобар резултат на вториот тренинг во пресрет на трката за Големата награда на Тајланд. На вториот тренинг на патеката во Буринам се појави и Марк Маркез, кој имаше страшен пад на првиот тренинг поради што беше префрлен во болница.

Актелниот шампион и лидер во генералниот пласман Марк Маркез времето помеѓу првиот и вториот тренинг го минал во болница каде имал детални прегледи на грбот и левата нога. Маркез на првиот тренинг целосно го уништи својот мотор.

На вториот тренинг Шпанецот забележа шесто време (1:30.891).

Инаку и на вториот тренинг доминираа возачите на Јамаха, само што Квартараро и Маверик Вињалес го заменија местата. Возачот на Петронас Јамаха возеше 1:30.404, а возачот на Јамаха 1:30.597. Третиот најдобар резултат го имаше колегата на Квартараро, Франко Морбидели (1.30.625).

Подобар од останатите беше Џек Милер на Прамак Дукати кој заврши на четвртото место, а зад него е уште еден возач на Јамаха, ветеранот Валентино Роси.

Тежок инцидент на Маркез на тренингот во Тајланд (Видео)

Scroll to Top