Резултатската криза која го тресе италијанскиот великан Милан ги нарушила односите и во раководните структури. Италијанските медиуми тврдат дека големи несогласувања поради тренерот Марко Џанпаоло имало помеѓу Звонимир Бобан и Паоло Малдини.
Покрај несогласувањата околу тренерот нивниот однос дополнително бил нарушен по коментарите што на „Инстаграм“ ги објавил синот на Бобан.
Бобан и Малдини немаат исто мислење околу Џанпаоло. Хрватот сметал дека тренерот треба да добие отказ, додека Италијанецот сметал дека Џанпаоли треба да добие барем уште една шанса.
Рафаел Бобан 17 годишниот син на челникот на Милан, одговарајќи на прашања на пријателите на „Инстаграм“ напишал.
„Џанпаоло треба да замине. Ќе видиме што ќе се случи. Имамме играчи од висока класа, јас мислам дека проблем е тренерот“, напишал синот на Бобан со што дополнително ги разгорел тензиите на „Сан Сиро“.