На армијата разочарани фанови на Манчестер јунајтед, менаџерот на тимот, Оле Гунар Солскјер им порача да престанат да живеат во 1990-тите, посочувајќи дека „времињата се сменија“.
„Ѓаволите“ во четвртокот повторно имаа ноќ за заборав, играјќи 0:0 со АЗ Алкмар во Лига Европа, во меч во кој тимот не упати ниту еден удар во рамките на голот во 90 минути, продолжувајќи ја лошата форм – 5 победи во последните 22 меча.
Солскјер, човекот кој требаше да ја реши лошата форма и игра каква што се гледаше под Жозе Мурињо, ги потсети навивачите дека блескавите денови под Сер Алекс Фергусон се завршени.
„Дали се плашат од нас? Веќе не сме во 1990-тите. Сега се работи за друга фудбалска ера, друга група која ја градиме. Знаеме дека нема да биде лесно, но овие момци ќе израснат во големи играчи. Нема многу клубови како нас што играат со младите фудбалери. Имаме шанса да станеме силни. Не знам што мислат противниците за нас, но знам дека понекогаш не сме толку лоши како изгледа. Понекогаш има разлика во квалитетот. Мораме да станеме подобар тим и тоа е главната цел“, вели Солскјер.