Диего Марадона најде начин да направи пресврт во формата на неговиот нов тим, Гимназија Ла Плата, исфрлајќи седум фудбалери од првиот состав на аргентинскиот тим.
Марадона минатиот месец со многу фанфари се врати во аргентинскиот фудбал, но засега не успеа да направи пресврт во формата на тимот, и веќе има три порази во низа. Според аргентинските медиуми тој пратил седум фудбалери меѓу резервите: Џонатан Чакон, Гијермо Енрике, Лукас Мигез, Хуан Каталди, Халил Карабалјо, Ерик Рамирез и Лукас Калдерон.
Гимназија утре се среќава со уште еден тим кој се мачи со формата, Годој Круз во обид да го заддржи тимот во аргентинската Суперлига, каде што се од враќањето во 2013 година.
Angry Diego Maradona ‘sends seven players to the reserves’ after shocking start to life as Gimnasia manager https://t.co/tP8VJ6gn6P
— MailOnline Sport (@MailSport) October 4, 2019