Top Sport

Ремзи: Јувентус е тим кој е програмиран да победува на мечеви и да освојува трофеи

Арон Ремзи вели дека има „неверојатна“ шанса да игра во тим како Јувентус, објаснувајќи дека работите „полека доаѓаат на своето место“ под Маурицио Сари.

Ремзи веќе влезе во стартните 11 на „бјанконерите“ и го постигна првиот гол и Велшанецот, кој дојде како слободен фудбалер во Италија вели дека е изненедан од тоа како тимот е програмиран „да победува на мечеви и да освојува трофеи“.

„Имам фантастична можност во огромен клуб и сакам да бидам дел од него. Се надевам дека ќе помогнам клубот да направи неко и големи работи. Кристијано Роналдо беше како сите други во тимот и ми посака огромно добредојде. На теренот, секако тој е еден од најдобрите фудбалери со кои можете да играте, но надвор од мечевите е нормален човек. Во клубот постои семејна атмосфера, но сите имаат само една цел – да победуваат и да освојуваат трофеи“, вели Ремзи.

Ремзи е еден од британските фудбалери кои својата среќа решија да ја побараат надвор од островот и за разлика од неговиот сонародник Герет Бејл, за кого се шпекулираше дека уште не научил шпански, тој планира да се „справи“ со италијанскиот јазик.

„Секако, учам цело време. Тоа е многу важно. Сите состаноци на тимот се на италијански, повеќето фудбалери зборуваат италијански. Но, ќе научам не само поради фудбалски причини. Кога ќе излезам во ресторан или ќе одам на бензинска, сакам да се разберам убаво“, додава Ремзи.

Scroll to Top