Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Почетино нема намера да се откажа од клубот од северен Лондон, посочувајќи на „борбена“ прес-конференција дека може да остане во клубот уште пет години.
Иднината на аргентинскиот тренер стана понеизвесна по лошиот старт на сезоната која достигна најниско ниво во вторникот, кога беа „демонтирани“ од Баерн Михнен дома со 2:7 пораз. Во Премиер лигата, тие веќе заостануваат 10 поени зад Ливерпул, немаат победа во двата меча од ЛШ, а испаднаа од Лига купот од Колчестер.
Но, пред гостувањето кај Брајтон, Почетино инсистира дека е фокусиран и посветен на клубот.
„Ова е момент во кој треба да бидеме единствени. Ги прифаќам критиките, кога не победувате истото се случува во секој клуб. Но, на крајот, се случи нешто едноставно – загубивме еден натпревар. Во пет и пол години тука, на секоја прес-конференција зборуваме за мојата иднина. Се надевам дека тоа во моментов значи дека ќе поминам барем уште пет години тука“, изјави Почетино.
Ова дојде откако англиските медиуми тврдеа дека фудбалерите на Тотенхем сметаат дека Почетино размислува за заминување, бидејќи бил „отсутен“ на тренинзите оваа сезона. 47-годишниот Аргентинец лани ги однесе Спарси до финале од ЛШ, по што беше поврзуван со можно заминување од клубот.
5⃣ more years of Mauricio Pochettino at Spurs?
More: https://t.co/PokMRAlqiN pic.twitter.com/oNHbpjwKNz
— Sky Sports Premier League (@SkySportsPL) October 4, 2019