Американката Далајла Мухамед го сруши сопствениот светски рекорд за да ја освои светската титула на 400 метри со пречки на Светското првенство во Доха со време од 52.16.
29-годишната Мухамед, која е и олимписка шампионка од Рио 2016, ја помина целта за 52.16, за 0.04 секунди побрзо од нејзиниот светски рекорд кој го постави во јули. Мухамед имаше мала предност пред освојувачката на среброто, сонародничката Сидни Меклафлин по 100 метри, но во финишот направи огромна предност. Меклафлин стигна на целта со 52.23, додека бронзата отиде кај Јамајканката Рашел Клејтон (53.74).
Рекордот паѓа повторно по само 68 дена, откако претходно светскиот рекорд стоеше 16 години.
400 МЕТРИ СО ПРЕЧКИ (Ж)
1.Далајла Мухамед (САД) 52.16 СР
2.Сидни Меклафлин (САД) 52.23
3.Рашел Клејтон (Јам) 53.74
WORLD RECORD BROKEN! Dalilah Muhammad does it again within four months. #WorldAthleticsChamps pic.twitter.com/djSBYctKro
— Jared Cruz-Aedo (@jaredcruzaedo) October 4, 2019