Голманот на Тотенхем, капитенот Уго Лорис доживеа тешка повреда на раката уште во третата минута од мечот на неговиот тим на гостувањето кај Брајтон во Премиерлигата.
По една нафрлена топка од левата страна, Лорис ја фати топката непосредно пред гол линијата враќајќи се наназад, па кога виде дека со неа ќе заврши во мрежата, ја испушти директно пред нозете на Нил Муп кој лесно реализираше за 1-0.
При падот на тревникот, францускиот голман најверојатно ја скрши левата рака, судејќи по неговата гримаса и по реакцијата на соиграчите и тренерот Покетино.
По неколкуминутното пружање помош, голманот на носилки беше изнесен од теренот, а притоа му беше даден и дополнителен кислород.
Погледнете како се повреди Лорис:
Broken arm for lloris #BHATOT pic.twitter.com/J5UjppTnDc
— Dale Roberts (@Dale_R94) October 5, 2019