Марк Маркез победи на трката за Големата награда на Тајланд и успеа да ја одбрани титулата во Мото ГП класата. Шпанецот ја освои шестата титула во последните седум години во кралската класа.
Големата награда на Тајланд донесе многу драма во последниот круг и во последниот свиок, откако претходно на врвот се издвоија Фабио Квартараро кој стартуваше од пол-позицијата и Марк Маркез, а на три до четири секунди зад нив беше Маверик Вињалес.
Останатите уште во воведните три круга ги загубија шансите за висок пласман.
Кваратараро сигурно ја водеше трката се до последниот круг кога во првиот свиок Маркез нападна и ја зеде првата позиција. Квартараро се обиде во финишот, во претпоследниот свиок за момент го мина противникот, меѓутоа веќе во наредната кривина Маркез ја врати лидерската позиција.
Маркез на четири трки до крајот на првенството има 108 бодА повеќе од Довициозо.
Зад најдобрите тројца (Маркез, Квартараро, Вињалес) бодови освоија: Вињалес, Довициозо, Ринс, Морбидели, Мир, Роси, Петручи и Накагами.