Дејвид Блат повеќе не е тренер на Олимпијакос потврдија од грчкиот клуб.
Тренерот и клубот по само еден натпревар во Евролигата договориле спогодбен раскин на соработката. Олимпијакос во првото коло доживеа тежок пораз во Франција од Асвел 82:63.
Се претпоставува дека болеста со која е соочен Блат е причината што двете страни ја раскинале соработката. Американскиот тренер пред два месеци објави дека му е дијагностицирана мултиплекс склероза.
Сепак на официјалната интернат страница на Олимпијакос не пишува која е причината за разделбата. Клубот на својот профил на „Твитер“ му се заблагодарил на тренерот за неговата работа.
Дејвид Блат во кариерата бил европски првак со Макаби на клупско и со Русија на репрезентативно ниво.