Рома не успеа попладнево да забележи победа над Калјари, а дополнителен проблем е повредата со која се здобил Един Џеко.
Репрезентативецот на Босна и Херцеговина веднаш по натпреварот бил однесен на лекарски прегледи, а според италијанските медиуми ќе мора да му биде извршен оперативен зафат.
Најдобриот стрелец на Рома во еден дуел со дефанзивците на Калјари добил удар во лицето.
Поради оваа повреда Џеко ќе ги пропушти натпреварите што Босна и Херцеговина ќе ги одигра против Финска и Грција.
Edin #Dzeko è arrivato a Villa Stuart per i controlli allo zigomo. Probabile frattura ed immediata operazione. A rischio la partenza per gli impegni con la Bosnia#ASRoma @tempoweb pic.twitter.com/667CPkB3Lr
— Filippo Biafora (@Fil_Biafora) October 6, 2019