Усман Дембеле во финишот на натпреварот со Севилја доби црвен картон. Францускиот репрезентативец нешто му приговори на судијата Лахоз, поради што шпанските медиуми шпекулираат дека го очекува подолга пауза.
„Многу си лош, многу си лош“, му рекол Дембеле на судијата. Лахоз ова го навел во записникот.
Допрва Дисциплинската комисија ќе му ја одреди казната на Дембеле. Доколку биде утврдено дека тој го навредил судијата тогаш казната е помеѓу четири и 12 натпревари, а доколку тоа биде окарактеризирано како неспортско однесување тогаш ќе добие еден или два натпревари суспензија.
Медиумите шпекулираат тој ќе биде казнет најмалку со два натпревари неиграње што значи дека ќе ги пропушти дуелите со Еибар и Реал Мадрид.