Поранешниот германски репрезентативец Кристијан Циге изјавил дека Мануел Нојер треба да остане број 1 во националниот тим иако еднакво добар голман бил и Марк-Андре тер Штеген.
Изминатите недели голманите се во центарот на вниманието на германската јавност, откако Тер Штреген изјавил дека заслужил да брани на претходните мечеви со Холандија и Ирска.
Нојер му возврати дека не требало јавно да го кажува тоа, атмосферата околу националниот тим ја вжешти претседателот на Баерн, Ули Хемес, со изјавата дека ќе клубот ќе ги повлече играчите од репрезентацијата доколку „единицата“ му биде одземена на Нојер.
„Мануел Нојер е „број 1“, тоа го докажал. Никој не се сомнева дека доколку тој не може да брани дека во Тер Штеген имаме одличен голман. изјавата на Тер Штеген не е дадена без покритие, мислам дека нешто му било ветено, а тоа ветување не е исполнето. Дека е тимски играч тер Штеген покажа на Светското првенство во Русија, не се бунеше што брани Нојер иако тој девет месеци не играше поради повреда“, рекол Циге и дополнил.
„Сигрен сум дека сакаше да брани во Русија, но тој тогаш не кажа ништо. Сега малку им се препушти на емоциите, мислам дека тоа е нормално. Не нападна никого, воопшто не разбирам како ова се претвори во толку голема работа. Нојер е врвен голман, во тоа никој не се сомнева, но може да се намести и вториот врвен голман да добие свои минути. Има можности за такво нешто.“