Top Sport

Венгер одбил понуди од Премиер лигата: Јас сум човек на Арсенал

Легендарниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер, признал дека поради неговиот поранешен клуб одбил неколку понуди од Премиер лигата. Венгер, по 22 години и 17 освоени трофеи, си замина од Арсенал во јуни 2018 година.

„Јас сум човек на Арсенал, пота сум професионалец. Не можам да престанам да работам. Решив да ја напуштам Премиер лигата бидејќи премногу сум поврзан со Арсенал. Имав можност да работам во Англија, но ги одбив понудите. Не сакам да откријам за кои клубови станува збор, нема да бидам фер кон нивните челници“, рекол Венгер.

Предводникот на непобедливата генерација на Арсенал од сезоната 2003/2004 веќе 17 месеци не работи како тренер.

Scroll to Top