Српскиот фудбалски тренер, Синиша Михајловиќ е пуштен од болницата во Болоња откако го заврши вториот циклус лекување од леукемија, пренесуваат италијанските медиуми.
Стратегот на ФК Болоња го заврши вториот круг на хемотерапија во болницата „Сент Орсол“, а наскоро го очекува нов циклус лекување.
Михајловиќ болницата ја напушти во придружба на сопругата Аријана и отпатува кон Рим, каде ќе одмора наредните денови. Неговата идеја е по неколкудневниот одмор, да се врати во Болоња и да ги води тренинзите на екипата.
Сепак тој нема да може да ја води својата екипа на гостувањето во Торино кај Јувентус на 19-ти месецов затоа што тогаш треба да ја продолжи терапијата.
Првата фаза од третманот на екс-фудбалерот траеше 43, а ја почна во јули годинава. Втората фаза од лекувањето ја започна на 9 септември.
Пред 3 дена, Србинот седеше на клупата на Болоња на домашниот дуел со Лацио (заврши 2-2). При појавувањето на тревникот, Михајловиќ беше поздравен со овации од навивачите.