Top Sport

„Не го споредувајте Зајон со Леброн“

Тренерот на Њу Орлеанс Пеликанс, Алвин Џентри апелираше новата ѕвезда на „пеликаните“, Зајон Вилијамсон да не го споредуваат со Леброн Џејмс.

Ниеден прв пик не покрена толкава еуфорија во НБА од доаѓањето на Џејмс, како што тоа го стори младиот Вилијамсон. Тој во дебито за својот тим постигна 16 поени со 3 забивања, во победата на Њу Орлеанс над Атланта со 133-109.

„Малку се 19-годишници кои се способни да дојдат и веднаш да имаат влијание на НБА лигата. Еден од нив е во Калифорнија, но никој не е како него. Не би требало да се споредуваат Зајон и Леброн. Сакаме Зајон да биде најдобриот Зајон Вилијамсон што може . Никој друг. Сакаме да биде најдобриот кошаркар користејќи го своето име, без споредби“ – изјави тренерот Џентри.

Scroll to Top