Top Sport

Ноер пак прави проблеми – го „изневери“ Адидас

Мануел Ноер, голманот на фудбалската селекција на Германија на првиот собир на „панцирите“ се појави со патики од марката „Веха“, иако тој има потпишано долгогодишен договор со Адидас. Тоа подразбира дека мора да носи од нивната брендирана облека.

За најновиот кикс на Ноер се бесни во Адидас кои, се чини, скапо го плаќаат за соработката.
„Како играч кој е под договор со Адидас, Мануел Ноер мора да ги носи нашите производи. Дополнително ќе се договориме со играчот во врска со ова“ – порачаа од компанијата.

33-годишниот голман на Баерн и на „панцирите“ може да биде драстично казнет, но проблемите со Адидас не му е единствените.

Германската фудбалска јавност смета дека тој веќе не заслужува да биде „прва единица“ во селекција, затоа што голманот на Барселона, Марк-Андре тер Штеген е во подобра форма во моментов.


Сепак, ова не е прв скандал што го предизвика Ноер, а е исто така поврзан со Адидас.
Имено, во април годинава, голманот се појави на прес-конференција во дуксер со логото на американскиот спортски бренд Чемпион кој е конкурент на Адидас. Поради тоа се очекува дека „казната“ од компанијата нема да биде мала.

Scroll to Top