Top Sport

Бобан-„Ова е пораз за сите нас“, Ибрахимовиќ-„Жал ми е да гледам ваков Милан“

Милан денеска го потврди Стефано Пиоли како нов тренер на екипата, замена за Марко Џампаоло кој по само 111 дена заработи отказ. Со тоа стана тренерот со најкраток мандат во 120-годишната историја на клубот.

„Не е убаво да се биде овде поради промена на тренер, ова е пораз за сите нас, дури и на индивидуално ниво. Мора да продолжиме понатаму со изборот за кој мислиме дека е вистинскиот за Милан. Среќно на Стефано Пиоли, сјаен тренер кој доаѓа во тежок момент“ – рече Звонимир Бобан на прес-конференцијата при преставувањето на Пиоли.

Со Милан 53-годиниот Пиоли потпиша договор до летото 2021 година.

Тренерската кариера ја почнал во 2003 во Салернитана, а ги водел и екипите на Модена, Парма, Гросето, Пјаценца, Сасуоло, Киево, Палермо, Болоња, Лацио, Интер и Фиорентина.

По седум одиграни кола Милан е на 13 позиција во Серија А со само 9 бода. Последен пат во ЛШ Милан играше пред 6 години.

По повод кризата во миланскиот клуб, се огласи и екс-играчот на „црвено-црните, Златан Ибрахимовиќ.

„Тажен сум што го гледам Милан во ваква ситуација. Сите знаеме каде му е местото на овој клуб. За Милан треба да играат најдобрите играчи на светот, но во овој момент тоа не е така. Само со сериозни инвестиции може да се постигне нешто во овој момент. Мислам дека тоа е единственото решение. Без пари нема да добиете квалитет“ – рече Ибрахимовиќ.

Пиоли го потпиша договорот со Милан

Scroll to Top